Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ и премиерот
22/01/2026 13:27
Јавната обвинителка Ленче Ристоска соопшти дека ќе ги искористи сите институционални механизми кои ѝ стојат на располагање, оценувајќи дека е апсолутно недозволиво кое било обвинето лице да врши притисок врз јавен обвинител, особено кога тоа доаѓа од позиција на политичка или институционална моќ.
„Ќе ги преземам сите институционални механизми кои ми се на располагање, бидејќи е недозволиво кое било обвинето лице да врши притисок врз јавен обвинител, а најмалку од позиција на моќ“, изјави Ристоска.
Таа информираше дека веќе има поднесено тужба против ВМРО-ДПМНЕ, како и против премиерот, за што, како што наведе, постои и јавно објавено известување доставено до Совет на јавни обвинители.
„Поднесов тужба и за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, како и за премиерот, за што е јавно објавено известување до Советот на јавни обвинители – институцијата задолжена за заштита на самостојноста на јавните обвинители“, истакна Ристоска.
Според неа, ваквите постапки претставуваат сериозен обид за нарушување на независноста на обвинителството и создавање атмосфера на притисок врз правосудниот систем, што директно ја загрозува владеењето на правото.
Нејзината изјава предизвика силни реакции во јавноста и отвори дебата за односот меѓу извршната власт, политичките партии и независните правосудни институции.






One thought on “Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ и премиерот”
Comments are closed.