MKinformer

your daily dose of news

Нестабилно време низ Македонија: дожд, грмежи и силен ветер, локално можно и невреме

16/05/2026 7:51

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека денеска времето ќе биде променливо облачно и нестабилно.

На повеќе места се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме.

Според прогнозата, на одделни места се очекува пообилен пороен дожд над 20 литри на метар квадратен. Можно е и засилување на ветерот со брзина над 70 километри на час, како и појава на град.

Минималната температура ќе се движи од 6 до 13 степени. Максималната дневна температура ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно. Се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурата во главниот град ќе се движи од 10 до 21 степен.

error: Содржината е заштитена од копирање !!