MKinformer

your daily dose of news

Променливо облачно време денеска, од недела потопло

26/09/2026 8:15

Променливо облачно време ќе преовладува денеска во Македонија, со повремени локални врнежи од дожд во претпладневните часови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи од 7 до 14 степени. Максималната ќе достигне од 15 до 21 степен, информира УХМР.

Во Скопје повремени врнежи од дожд

Во Скопје ќе биде облачно.

Во текот на ноќта и претпладне ќе има повремени врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе се спушти до 11 степени, а максималната ќе достигне 20 степени.

Од недела потопло со сончеви периоди

Во недела и до крајот на следната работна седмица ќе се задржи облачно и потопло време.

Ќе има и сончеви периоди.

Наместа ќе постојат услови за краткотраен дожд, а ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Променливо облачно време ќе се задржи и во наредните денови, но температурите постепено ќе бидат повисоки.

error: Содржината е заштитена од копирање !!