MKinformer

your daily dose of news

ДВЕ ЛИЦА УАПСЕНИ ЗА НАПАДОТ ВРЗ ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА

11/07/2025 16:37

Министерството за внатрешни работи потврди дека две лица се приведени по инцидентот кој се случи попладенево на бул. Никола Карев кај пластичарската улица

По добиената пријава за физички напад врз скопската градоначалничка Данела Арсовска, полицијата од СВР Скопје приведе две лица. Тие моментално се наоѓаат во полициска станица каде што се спроведува службен разговор за целосно расветлување на настанот.

Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!