СОНЧЕВО И ТОПЛО СО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 39 СТЕПЕНИ
16/07/2025 7:18
Временска прогноза:
Денес нè очекува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен, а дневните ќе достигнат меѓу 31 и 39 степени.
Во Скопје ќе преовладува слично време – сончево и горешливо со мала облачност и слаб северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 18 степени, а максималната до 39 степени.
Наредни денови:
Во четврток ќе продолжи топлото време, но попладне и навечер се очекуваат локални нестабилности проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во петок, поради нагло продирање на посвежа воздушна маса од север, времето ќе биде променливо облачно и малку посвежо, со можност за локална нестабилност во утринските часови.
Потоа следува стабилен и топол период, со постепено покачување на температурите.






